Ако има војна во Македонија, ќе бегаат кај нас, смета бугарски аналитичар!

Красимир Узунов, претседател на агенцијата и на радиото „Фокус“, со занимлив коментар за ТВ Европа.

„Отсекогаш сум мечтаел за едно нешто – што и да се случи, дали со СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ или со партијата Обединети за Македонија, да ја консултираат ситуацијата во Бугарија. Дотолку повеќе што немаме јазична бариера за да дискутираме за ситуацијата, а и сме загрозени дека при евентуален конфликт во Македонија, колку и да тврдат дека се посебни, различно, со античко или со словенско потекло, бегалскиот бран при оружен, воен конфликт во Македонија, не дај Боже, ќе биде насочен кон Бугарија“, изјави Узунов.

Според него, бугарскиот владин врв зазел страна кога премиерот Бојко Борисов и шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева одбија да го примат македонскиот претседател Ѓорге Иванов при неговата посета на Софија завчера, што може да се одрази на односите меѓу двете земји во иднина при промена на политичките сили на власт.

„Треба да бидеме исклучително внимателни, зошто, за жал, нашиот договор за добрососедство предвидува известување една година однапред и откажување, со што се проипушта можноста да се влијае врз политичкиот процес и Бугарија да има значајно место“, смета Узунов.