Трошоците за обесштетување на инвеститорот на деветкатницата со 240 станови кај „Мајчин дом“, доколку се стопира изградбата, би можеле да ја чинат Општина Аеродром 11 милиони евра:

„Трошоците за земјиште и комуналии изнесуваат околу 5,5 милиони евра. Дополнително, тука се штетите на компанијата за досегашни инвестиции, трошоци за одржување… инвеститорот би можел да побара сума што би ги покрила сите овие трошоци или да ја тужи општината, што целосно би го блокирало нашето работење. Целиот процес би можел да ја чини општината двојно повеќе од првичните 5,5 милиони евра“, велат од општината, како што пренесува „Скопје инфо“.

Изградбата, по барање на инспекциските служи беше стопирана 15 дена, а градоначалникот Златко Марин на граѓаните им вети дека „ќе преговара“ со инвеститорот, за целосно откажување од проектот.

Синоќа, имаше средба на инвеститорот на девткатницата, Фатмир Етеми со граѓани на општина Аеродром кои остануваат на ставот дека се против зградата на зеленилото пред „Мајчин дом“.

Од своја страна, Етеми објаснил дека има(л) големи трошоци, и дека градбата  кај „Мајчин дом“ е легална и дека лично тој ќе придонесе кон подобрување на животната средина.

Златко Марин со „5-6 милиони евра“ ќе ја запре зградата кај Мајчин дом!?

 

SHARE

Оставете Коментар