Ако победи на избори, Мицотакис нема да соработува со Ципрас

Loading...

Лидерот на Неа Демократија, Киријакос Мицотакис, денеска ја обвини владата дека потпиша четврта финансиска помош со доверителите, и ја отфрли можноста да влезе во коалиција со  Сириза или Независни Грци по следните парламентарни избори.

Премиерот Алексис Ципрас пред два дена објави дека изборите во Грција ќе се одржат вооктомври 2019 година.

Говорејќи за телевизијата Скај, Мицотакис рече дека ќе се стреми да соработува со што повеќе партии, дури и во случај ако Нова демократија обезбеди владејачко мнозинство, но рече дека нема да соработува со двете партии што ја формираат сегашната влада, пренесе АНА-МПА.

Според анкетите, опозициската Неа демократија има предност под десет проценти пред Сириза.

Што се однесува до државните финансии на Грција, Мицотакис рече дека владата потпишала уште една финансиска помош до 2022 година што бара дополнително штедење од 5,2 милијарди евра.

„Ќе ги вратам парите на луѓето кои им зеде Ципрас.  Јас реков дека прво ќе го намалиме данокот на бизнис на 25 проценти, а потоа на 20 проценти, Данокот на имот за 30 отсто во првите две години, намалување на данокот на дивиденда на 5 отсто… Дополнително, ќе воведам даночна стапка од 9 отсто за приходи до 10.000 евра “, најавил Мицотакис.