Ако се прави „Етничка симулација“ до 15 часот не гласал ниту еден Македонец

Ако излезност од околу 23 проценти до 15 часот се пресметува врз база на бројот на граѓаните припадници на етничките заедници тоа би значело дека дотогаш на референдумот не излегол ниту еден Македонец.

Според официјалните информации процентот од околу 23 во апсолутни бројки значи околу 370 гласачи кои што излегле на гласање што претставува вкупна бројка на гласачи немакедонци.

Според предходните изборни циклуси во Македонија гласаат околу 240 илјади Албанци, приближно 55 илјади Турци, околу 45 илјади Роми, како и припадници на другите заедници (Срби, Бошњаци, Хрвати, Власи и други) чија вкупна бројка е околу 370 илјади односно приближна на бројката излезени до 15 часот според ДИК.

Се разбира дека ова е само симулација а во реалноста меѓу тие што излегле денеска на гласање денеска до 15 часот имало припадници на сите заедници во Македонија но интересно е да се види каков е соодносот меѓу гласачите од различни заедници односно колку Македонци ќе гласаат вкупно до крајот на денот.

Практично за да се види таа бројка ќе треба да се одземе бројот 370 илјади од вкупниот број гласачи и да се добие бројот на гласачите Македонци кои според елементарната логика треба да го имаат галвниот збор при решавање на тешкото и емотивно национално прашање.

Се разбира оваа анализа не се темели на научни сознанија или излезни анкети туку на анализи врз основа на бројот на гласачи во предходните изборни циклуси.

Според анкетите најголем број од немакедонските заедници во пресрет на референдумот се изјаснуваа дека ќе гласаат ЗА, најголем процент за оваа опција имаше кај Албанците кои според некои анкети дури 93 % беа за излегување на референдумот.

SHARE