Актерот Владо Јовановски на судењето за 27 април: Ein, zwei, polizei….

Порталот СДК.мк објавува дека денеска за време на судењето на обвинетите од 27 април дошло до вербална комуникација меѓу актерот Владо Јовановски и присутните полицајци кои го обезбедуваат судот.

„На пауза од судењето за организираниот напад на Собранието, по сведочењето на Никола Војминовски, осуден за обид за убиство на Зијадин Села, актерот Владо Јовановски, кој е еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, поминувајќи покрај полицајки кои го обезбедуваат судот, почна да им пее: „Ајн, цвај, полицај“, по што на другите обвинети, кои одеа паралелно со него на кафе, им рече: „Жими сведокот, како лилјак од пештерата на Матка“, пишува порталот.

Целта информација на СДК.МК

Оставете Коментар