Алаѓозовски станува национален координатор за култура

Досегашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, останува во владата каде ќе биде ангажиран како национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка.

Тој лично ќе му одговара на премиерот Зоран Заев, а функцијата на која наскоро треба да биде именуван, е предвидена со закон, велат од владата.

Алаѓозовски, беше опфатен со реконструкцијата на Владата, а на негово место министер за култура е именуван Асаф Адеми.

Тој го водеше министерството за култура од 1 јуни 2017 година.