„Алаху Акбар“ во училиште во Радовиш (ВИДЕО)

Loading...

Во училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, свештеното лице на микрофон повторуваше „Алаху Акбар“ за време на верски обред.

Ваквиот верски обред се случуваше пред почетокот на вечерата за ифтар, и тоа во училишната менза.

Верскиот обред во образовна институција ги изненади радовишани кои побараа  одговорност од надлежните, јави Канал 77.

Државниот просветен инспекторат веќе пушти инспекција  во радовишкото училиште, а со официјален став ќе излегле идната недела.