Албанците и во Црна Гора ги игнорираат државните симболи

Како во многу општини во Македонија со мнозинско албанско население, Албанците и во Црна Гора ги игнорираат државните симболи, истакнувајќи само албанско знаме, како што се случи на прославата за добивањето самостоен статус на општината Тузи.

На свеченоста организирана прексиноќа во ресторанот „Троја“ присуствуваа амбасадорите на Косово и на Албанија во Црна Гора, Скендер Дурмиши и Ернал Фило, министерот за човекови и за малцински права Мехмет Зенка, потпретседателот на црногорскиот Парламент, Генц Ниманбегу, претседателот на Советот на Општина Улцињ, Илир Цапуни, политичарот Назиф Цунгу итн.

„Тоа што може да се забележи е дека на оваа прослава не беа истакнати црногорските државни симболи, туку само државното знаме на Албанија“, пренесува порталот „ИН4С“.

 

SHARE