Албанците контра „Илинденска“, преферираат Илирида (ВИДЕО)

Loading...

Анкетирани граѓаните Албанци се против македонскиот предлог за решение на името и против предложениот превод на „Илинденска Македонија“ на албански – го сметаат за подбивање „Илинденска“ да биде „Илиндитасе“, јавува телевизијата Алсат – М.

Еве дел од коментарите:

„За нашата нација е е добро бидејќи ние не се вклучуваме никаде. Дали оваа земја е само на Македонците или е мултиетничка? Според мене треба да биде Илирида, многу едноставно“.

„За нас Албанците е исто. Дали прифаќаат или не, тоа е веќе одлучено и не зависи од нас. Јас не би им дал на Грците бидејќи не заслужуваат“.

„Илинденска е катастрофа за нас Албанците како народ, но и не игра кој знае каква улога бидејќи еве пример, порано имаше Црна Гора, а сега е Монтенегро“.

„Новото име? Доцнеа, но за нас Албанците не е прилагодлив. Јас би рекол да се вика Илирида“.

„Како да се менува името? Нека остане ова што е. Не треба да го прифаќаат Албанците, но ние спиеме и сега е Рамазан, тие се соединиле“.

„Како за сите така и за мене воопшто. Што и да биде, нека даде Господ да биде добро и да бидеме на правиот пат“.

„Не знам како ќе прифати албанскиот народ државата да се нарекува „Илинденска Македонија“. Каде остануваме тогаш ние Албанците, какво име да ставиме ние. За нас тогаш останува да биде Илирида“, велат дел од анкетираните граѓани на Скопје.

Алсат – М пишува дека на фејсбук профилите на функционерите на ДУИ – Бујар Османи и Артан Груби, кои ја објавија информацијата за „Република Илинденска Македонија“, следеа иронични коментари на граѓани во однос на самото предлог име, но и во однос на несоодветниот превод на албански јазик.