Маригона Марку е новиот вршител на должноста амбасадор на Македонија во САД. По завршувањето на мандатот на Васко Наумовски, таа ќе раководи со македонското дипломатско претставништво во Вашингтон до именувањето нов амбасадор.

Родената дебарчанка во 2011 година, кога работеше во Дирекција за меѓународно право, ја доби наградата за дипломат на годината, која традиционално секоја година ја доделува Министерство за надворешни работи.

Со назначувањето на Марку, во главниот град на светската суперсила сега има три Албанки со амбасадорска функција. Флорета Фабер ја претставува Албанија, а Флора Читаку е амбасадорка на Косово.

 

SHARE

2 Коментари

Оставете Коментар