Австрија и Данска инсистистираат на спроведување на нивниот план за изградба на центри за сместување на емигранти надвор од ЕУ, посебно во Албанија, јавија албански медиуми.

Дипломатски извори потврдиле за италијански медиуми дека во тие бегалски кампови ќе бидат сместени азиланти за кои веќе е донесена конечна одлука за нивно депортирање од некоја од земјите на ЕУ, а кои не може да се вратат во земјите на потекло, пренесува МИА.

Отворањето на бегалски кампови на територијата на Албанија беше актуелна тема во јуни годинава, но албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тоае неприфатливо.

ЕУ не може да ја уценува Албанија со бегалски камп во замена за почеток на преговори