Албанија на Грција ќе ѝ отстапи дел од море

На повидок е потпишување меѓудржавен договор со кој Грција ќе ги прошири своите територијални води на 12 милји околу островот Крф во Јонското Море, на сметка на Албанија.

„Се наоѓаме во еден многу значаен миг во историјата на нашиот народ“ изјавил грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, пренесува МИА повикувајќи се на порталот ALBEU.

Дното на делот од Јонско Море на кое претендира Грција е богато со нафта и гас.

Договор за поместување на морската граница на штета на Албанија бил потпишан во 2009 година од тогашните шефови на дипломатиите, Дора Бакојани и Љуљзим Баша, но Уставниот суд на Албанија го прогласи за неуставен.

Оставете Коментар