Албанија одбива, Македонија и ДУИ ја бришат Чамерија од учебниците

Челниците на ДУИ се наоѓаат во комплицирана ситуација во која од својот електорат бараат да гласа на референдумот за името и истовремено треба да му објасни зошто Албанските партии од Македонија се откажуваат од Албанците во Грција.

За разлика од Тирана која води слични преговори со Грција, Македонската страна веќе се согласи од училишните книги да се брише Албанската историја а ДУИ повикува на мобилизација за гласање на референдум.

За албанскиот иредентизам насочен кон Грција во македонските учебници предходно збкруваше во повеќе наврати офоцијална Атина

“Содржината на училишните книги на БЈРМ е на многу места јасно проблематична, а тоа се однесува и на нивните пасуси за улогата и дејството на албанскиот елемент во регионот за време на Втората светска војна “, рече неодамна грчкиот министер Коѕиас во врска со оваа тема за грчките медиуми.

Министерот за надворешни работи, одговорајќи на прашањето за односот на Албанија кон барањата на Атина објаснува дека за разлика од Скопје со кое проблемот е надминат, Тирана останува на старите позиции и практично не се откажува од Албанците во Грција:

“Грчката страна инсистираше на отстранување на неприфатливите и навредливи за нашите” албански региони во Грција “, како и референци и / или мапи во кои грчките географски области се јавуваат како “Чамериа”. За жал тоа покажува дека албанската држава и понатаму е заглавена во анахронистички националистички и идеолошки перцепции, штетни и опасни примати за самата Албанија “.

Албанската страна ова грчко барање го одбила на состанокот на Мешовитиот комитет во февруари минатата година на кој се разговарало за проблемите во книгите за историја и географија од кои учат албанските ученици.

Македонија со договорот со Грција се согласи да ги имплементира сите грчки 144 забелешки за образовните учебници од грчка страна вклучително и тие во учебниците на албански јазик во кои се зборува за Албанците и албанскиот регион Чамерија.

1 Коментар

  1. Sti im e gajle na DUI za Cemerija?! Tuka e Albanija da se grizi za toa. Koj ke se grizi za nasite posle glupostite na crpko i i bandata.

Comments are closed.