Албанија прогласи 52 Грци за „непожели“

Албанија објави дека 52 грчки државјани кои се појавија на погребот на Константинос Кацифас, кој имаше двојно државјанство,  се сметаат за “persona non grata“ и нема да им биде дозволено да влезат во земја повторно.

Во изјавата на албанското Министерство за надворешни работи се тврди дека 52 лица, кои не се идентификувани по име, учествувале во организирани дејства против Албанија и  давале  јавни изјави против уставниот поредок, националната безбедност и јавниот ред.

На вчерашниот погреб на 35-годишниот Константинос Кацифа, кој на 28 октомври загина во престрелка со албанската полиција, присуствуваа стотици грчки државјани – од кои многумина имаа грчки знамиња – кои отпатуваа со автобуси до селото Буларат во јужна Албанија од Грција.

SHARE

Оставете Коментар