Албанија со најмногу затвореници по глава на жител во регионот

Албанија има најголем број на затвореници по глава на жител меѓу земјите во регионот. Според податоците на организацијата Prison Studies, бројот назатвореници во Албанија е 193 на секои 100.000 граѓани.

Меѓу земјите од Западен Балкан,по Албанија следуваат Црна Гора и Србија со по 174 и Македонија со 134 затвореници на 100.000 жители.

Најмалку затвореници во регионот има во Косово и во БиХ, 106 односно 73 на 100.000 жители.

Најголем број на затвореници има во САД 655 на 100 илјади жители, пренесува МИА.

SHARE