Aлбанскa историчарка во емисија на албанска телевизија изјавила дека „нема Грци, сите се Албанци. Ципрас е Албанец“.

Историчарката Елена Кокаци, предизвика реакции и на дебатата каде што учествувала , и во еден момент ги запрашала присутните „Дали сме изненадени?“.

Темата на дебатата била „Балканизација на Балканот“, а историчарката тврдела дека „Грција нема грчко население. Населението на Грција, сите оние што се бореа, беа Арванити со фустанели“, пренесува „Ефимирида“.

Кокаци исто така тврдела дека Турците од Грција биле протерани од Албанците, и дека има Чами (албанско малцинство што Грција не го признава – н.з.) дури и во Теба.

 

SHARE

Comments are closed.