Албанска сопранистка од светски глас в недела на концерт во Тетово

Loading...

Оперската дива Инва Мула од Албанија, која има настапувано во престижни центри на сериозната музика низ светот, в недела ќе гостува во Македонија и ќе одржи концерт со Македонска филхармонија во Тетово.

Концертот на 29 април е закажан за 19 часот во Домот на културата, режисер е Гриди Каја, а претставувањето на 54-годишната Мула ќе биде дел од шестото издание на „Сцена на албанската сериозна музика“.

Лирската сопранистка е родена во Тирана од татко Албанец од косовскиот град Ѓаковица, а мајка ѝ е Русинка. Покрај бројните награди и настапи во Њујорк, Париз, во миланска „Скала“, Верона, Трст, Токио, Торонто, Барселона, Билбао итн., а го зајми својот глас и за ликот Дива Плавалагуна во филмот „Петтиот елемент“ на режисерот Лик Бесон од 1997 година.