Албанската дијаспора разочарана од Преспански договор!

Албански иселеници од САД и од Европа преку свои здруженија изразија незадоволство и разочарување од Преспански договор, кој, според нив, го зајакнувал македонскиот идентитет, а Албанците немало да бидат носители на суверенитетот.

Како ќе излезат Албанците на референдум: Ќе излезат како автохтони Албанци или како граѓани на Македонија? Зошто не учествуваа Албанците во признавањето на името на Македонија со Грција? Ова е прашање за кое сите разговараат денес. Зошто не беше вклучено албанското прашање? Албанците се тука автохтони, живеат илјадници години во оваа земја, исто како и македонскиот народ. Тука мора да живееме заедно, но рамноправни“, изјави Мамут Скендери од Албанско-американска лига за телевизијата Алсат-М, додавајќи дека премиерот Зоран Заев не ги остварил ветувањата кон Албанците.

Здружение на албанската дијаспора во Европа неодамна исто така искажа противење на каков и да е договор за иднината на Македонија додека Албанците не добијат државотворен статус во земјата.

 

1 Коментар

  1. Пројект со бесрамен капитулантски „Преспанскиот договор” МОРА ДА ПРОПАДНЕ, ако сакаме Македонија да има иднина!
    „Преспанскиот договор” е најсрамен акт кој е потпишан од Македонските власти и претставува најголем срам за нашата татковина!
    „Преспанскиот договор” е најсрамен акт во историјата на меѓународните односи и со него е изразен степен на предавство и бруталност кон сопствениот народ!

Оставете Коментар