Албански банди го преземаат нарко-бизнисот во Британија

Албанскaта нарко-мрежа постепено ја проширува својата активност во Велика Британија, заземајќи го местото на домашните и на странските ривали.

Весникот „Сан“ пишува дека албанските организирани криминални групи брзо ги заменуваат малите дистрибутери на дрога во Бирмингем и во неговата околина. Само во текот на изминатата година, локалната полиција уапси 140 албански дилери – 51 од нив се соочуваат со обвиненија.

Меѓу уапсените се споменуваат Беким Доми и Шкелгим Дарда, кои се третираат за шверцери од висок ранг, откако биле фатени со кокаин во вредност од над 130.000 евра во нивниот „мерцедес“, пренесува косовска „Газета Експрес“.

Според британскиот весник еден од најголемите дилери е извсен  Клодјан Чопјан, кој отслужува затворска казна. Тој ги „поплавил“ лондонските и југоисточните пазари со највисок квалитет на кокаин, и направил профит од 168 милиони евра.

Нивната предност, според британскиот весник, е дека тие имаат контрола над кокаинот со највисок квалитет што влегува во земјата.

Албанците се рангираат на третото место на британскиот пазар за дроги, на листата каде што се присутни и Косовари, пишува „Газета експрес“.

SHARE