Вооружена екстремистичка група, која се претставува како Албанска национална армија (АНА), преку видео-порака побара од албанските и косовските власти да не преговараат со Србија за териториите на Косово.

Албанско-холандскиот новинар Винсент Триесте на твитер ги преведе нивните закани на албански јазик, пренесуваат медиуми.

„Бараме од политичарите да прекинат да продаваат или тргуваат со територии за свои лични интереси. Треба да ја притиснеме политички и економски Грција да го повлече воениот закон (со Албанија). Треба директно да го протераме поглаварот на албанската православна црква (Грк). Мораме директно да ги сопреме разговорите за трговија со територии на Северна Митровица и Прешевската долина“, порачува еден од 5 маскирани на снимката.

Триесте изјави дека станува збор за опасна екстремистичка организација која е опремена со „калашникови” и снајпери и која е подготвена во секој момент да делува.

Оставете Коментар