Алберт Хани: Почивај во мир Саздо, да се запре циклусот на насилството

Јас не сум за фудбал, јас не сум фан на било кој спортски клуб, јас не сакам да ги знам околностите на тоа како е одземен животот на Никола Саздовски, но знам дека смртта е дело на Бога.Јас исто така знам дека тоа не е албанска доблест, туку голема човечка слабост, пишува политичкиот аналитичар Алберт Хани за убиството на младиот Никола Саздовски.

“Верувам дека секој треба да изрази сочувство, но, исто така, и да се извини затоа што како општество имаме дозволено омразата да надвладее и триумфира со гаснење на животот на едно младо момче. Ако омразата е присутна, не чекајте да ги заштитиме нашите деца од страв”, вели Хани кој е меѓу ретките Албанци кој јавно проговори за убиството на еден Македонец од страна на Албанци.

Тој смета дека тишината во овие случаи не не прави нас најголем патриот, туку негува омраза и создава предуслови за поголем насилен конфликт. Ваквите случаи лесно ги опфаќаат меѓуетничките димензии и големи пропорции на насилство, вели Хани кој како припадник на генерација сведок на војните на Балканот и насилство, моли да се пронајде начин да се спречи овој циклус на насилство.

“Знаете како, сте виделе, слушнале и научиле, смирете ја ситуацијата”, апелира аналитичарот кој се обраќа до политичарите но и на Шверцерите и Комитите.

# sazdo # komiti #Shvercerat # peace4all

 #prehunpaqeSazdo #restinPeaceSazdo

SHARE