Алфа ТВ: Димитров и Црвенковски биле против референдум

Во ексклузивните документи кои ги објавува ТВ Алфа, а кои потекнуваат од февруари 2008 година, односно два месеци пред самитот на НАТО во Букурешт стои дека Никола Димитров на средбата со тогашната амбасадорка на САД Во Македонија, Џилијен Миловановиќ категорично се изјаснува против референдум во врска со спорот за името.

Амбасадорката Миловановиќ испратила неколку доверливи извештаи и депеши до Стејт Департментот, но и до ЦИА и другите американски агенции, во кои се прераскажани незините средби со сегашниот министер за надворешни работи, а тогаш национален координатор во преговорите околу разликите за името.

Средбата за која денес Алфа објавуви документи се случила на 20 февруари 2008 година, а веќе на 21 февруари извештајот е испратен до ЦИА и до Стејт Департментот.

Во депешата на амбасадорката Миловановиќ се наведува дека не само националниот координатор Никола Димитров туку и претседателот Бранко Црвенковски имал јасен став против референдум за името.

Токму во тој период во Македонија се воспоставувал консензус на сите релевантни чинители околу црвените линии против промена на Уставното име, а Димитров и Црвенковски ја уриваат договорената стратегија.

Ексклузивната сторија на Алфа на следниот линк

SHARE

Comments are closed.