Алфа ТВ: Еден газда, две фирми на домашна адреса, два тендери од 208 илјади евра за 70 дена од основањето

Телевизија Алфа открива нови сомнителни тендери во кои еден газда на два тендери за нешто повеќе од два месеци од основањето добил од скопското Градско сообраќајно претпријатие над 200 илјади евра.

Според Алфа ЈСП воопшто не распишале тендер за купување на електронски картички туку договорот со „Идкардс“ го склучиле со преговарање, оти итно требало да се набават картички за возење со автобусите.

На огласот се пријавиле три фирми, тврдат од ЈСП, во дописот до Алфа, испратија само цени на два оператори, 120 денари по картичка понудила фирмата, Идкардс, со која јавното претпријатие и го склучиле договорот, а Телеком понудиле 135 денари по картичка. Која е третата фирма и колку понудила, ЈСП не навеле во својот допис.

,,Претходна цена на електронска картичка изнесуваше 100 денари по парче, кога вкупно од Телеком, кој досега беше единствениот добавувач на електронските картички, само последниот пат беа набавени 100.000 парчиња на картички. Тогаш во отворена постапка имаше само еден понудувач, за сега во постапка со преговарање да имаме 3 понудувачи, при што претходниот добавувач, Телеком, понуди цена од 135 денари по парче,, одговориле од ЈСП.

Што се однесува до вториот договор од 130.000 евра за консултантски услуги според изборот на ЈСП, Ит плус смарт консалтинг била економски најповолен понудувач. Колку фирми учествувале на овој тендер не навеле ЈСП во дописот до Алфа.

,,Договорниот орган не може да влијае врз број на заинтересираните и способни економски оператори, а проценета вредност на набавката изнесува 3% од вредноста на Системот кој е предмет на анализа и ревизија, што е целосно во рамките на предвидените норми за ваков вид на услуги,, велат од ЈСП.

Улицата Димо Хаџи Димов број 81 е седиштето на двете штотуку формирани фирми Идкардс и Ит Плус смарт консалтинг кои минатиот месец добија два тендери од ЈСП во Скопје, вредни околу 200.000 евра. Според податоците од Централен регистар, оваа адреса е и место на живеење на сопственикот и управител на фирмата, кои двете компании ги отворил во рок од една недела со непаричен влог од по 5000 евра.

Соседите од околните куќи, прв пат од Алфа слушнале дека овој објект е седиште на две фирми.

Ит плус смарт консалтинг е формирана 20 јуни, месец и четири дена по основањето го добила тендерот од ЈСП, вреден 130.000 евра. Истиот сопственик 7 дена подоцна отворил втора фирма Идкардс, која по неполн месе добила бизнис од ЈСП вреден 78.000 евра.

Целата сторија на Алфа ТВ