Али Ахмети и Муса Џафери го отворија првиот термален Аква Парк во Македонија (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот близок соработник Муса Џафери попладнево беа дел од церемонијата на свеченото отварање на првиот термален Аква Парк во Македонија.

Аква паркот во селото Косоврасти во близина на Дебар е распослан на 6000 метри квадратни и на посетителите им нуди разни видови забава, од полуолимписки отворен базен, неколку помали базени за деца, пештера, неколку тобогани, различни видови масажери, спа капацитети, финска бања и други услуги кои што во комбинација со надалеку прочуените здрави минерални дебарски бањи се единствено место во Македонија и регионот според понудата.

Цените на услугите на дебарски бањи се 800 денари за возрасни и 400 денари за деца.

Аква паркот е лоциран на самиот брег на Дебарското езеро на стотина метри од вливот на реката Радика во езерото.

Селото Косоврасти се наоѓа на 38 километри од Маврово на патот кон Струга односно на 15 километри од Бигорскиот манастир и 4 километри од манастирот во Рајчица.

SHARE