Алијанса за Албанците: „Илинденска“ удар врз секуларноста на државата

Алијанса за Албанците смета дека со предлогот за ново име „Илинденска Македонија“ силно се удира врз световниот карактер на државата.

„Алијанса за Албанците е против тенденцијата за словенизација на новото име на државата. Во врска со информацијата за новиот предлог за името на земјата Алијанса за Албанците смета дека тоа е силен удар врз секуларниот карактер на државата, како една од основите на либералната демократија“, соопшти партијата на Зијадин Села.

„Интегрирањето на Македонија во Европска унија и во НАТО е бескомпромисен стратешки и политички избор на Алијанса за Албанците“ се додава во соопштението по седницата на Централното претседателство во Тетово.

Од партијата со тројца пратеници во македонското Собрание му напомнуваат на премиерот Зоран Заев дека „во овој важен политички процес Албанците не може да бидат претставувани од некој кој многу пати бил делегитимиран од албанските гласачи во неколку изборни циклуси“.

 

1 Коментар

  1. Еве конечно и шиптарите сфатиле дека се работи за бесмислена шарада и само-потсмев.
    Прашање:
    На кој му падна напамет од СДСМ да предложат “Свети Илија” за ДРЖАВНОТО ИМЕ!
    Или е тоа дело на МНР, со која се согласил СДСМ?
    Невидена СВЕТСКА брука!

Comments are closed.