При отворање на уставот за промена на името, да има промени и за унапредување на позицијата на Албанците во земјава, бара опозициската партија на Албанцит. Од Алијанса за Албанците велат дека нивните барања ќе ги засноваат на Охридскиот договор и заедничката Декларација на политичките партии на Албанците, потпишана по парламентарните избори, пренесува „Алсат М“.

„Верувам сите партии кои ја потпишаа декларацијата во јануари 2017 година ќе стојат на зборот и ќе го променат Уставот со цел и Албанците да ја почувствуваат оваа држава како своја. Албанскиот јазик да биде службен, како што стои во Декларацијата на политички партии на Аланците, но и што беше дел од Охридскиот договор и преамбулата или државата да биде на сите граѓани или на Македонците, Албанците и другите заедници“, изјави Арбен Таравари, од Алијанса за Албанците.

1 Коментар

Comments are closed.