Алсат – М открива руски службеници во Македонија пред референдумот

Високи руски службенци се дојдени во Македонија непосредно пред референдумот тврди Алсат М која цитира извори во безбедносните органи од кои дознава дека неколку функционери од Русија веќе неколку дена се движат низ земјава.

Според телевизијата иако нивните активности официјално не се познати, неофицијално се дознава дека нивната дејност може да биде ангажман против референдумот.

Доверливи извори за Алсат соопштуваат дека лицата им се познати за органите, но тие не споделуваат детали за тоа која е конкретно нивната активност: Средби со граѓани, со политички претставници, пропаганда или ширење дезинформации.

Молчи и Одделот за анализа и истражување при Управата за безбедност и контраразузнавање. Од МВР односно УБК не споделуваат детали околу анализите за руското влијание, можното интензивирање на руските активности и заканувачките индикации кон референдумот. Секторот за внатрешни работи кратко соопшти дека сè е под контрола, се вели во тврдењето на Алсат М.

“Податоците што ги обезбедивме говорат за рекорден број на влегувања на руски и украински државјани во Македонија во текот на месец јули. Околу 5.400 Руси и 6.000 Украинци се влезени во Македонија без временска одредница. Иако поголемиот број од нив се претставиле како туристи, голем процент говори за лица кои се дојдени за политички, културни, верски активности, за учество на конгреси, обуки или семинари, како и за трговија и соработки од разни области. Во извештајот кој го обезбеди Алсат-М, Одделот за анализи и истражување при УБК дава вознемирувачки податоци. Во него се вели дека главно по 2016 година, организирани групи воглавно поранешни агенти на руската КГБ, извршувале политички и верски активности во Македонија, а не се запоставувала ниту пропагандата, тврди Алсат М во својата информација.

4 Коментари

  1. Одлично, јас очекувам и Русите да ми се потпишат на петицијата за одбрана на уставното име во ООН ( https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un ), кога веќе не можам да остварам ниту 15 000 потписи.
    Аргументи За и Против.
    1. ВМРО-ДПМНЕ е во право Договорот е катастрофален и капитулантски и мора да се отфрли!
    2. СДСМ е апсолутно во право кога вели дека подобар Договорот НЕ МОЖЕШЕ да се потпише!!
    Заклучок: Решението со Грција преку преговори и каков било Договорот или Спогодба не постои!!!
    Решението од спогодбен тип НЕПОСТОЈИ! Од сега па натаму, минимум позиција ќе вклучува ERGA OMNES! Нормално, вклучувајќи СИТЕ идентитетски белези и елементи!

  2. Zapocna predavnicka igra koj e protiv Rusite ke dobie potkrepa od zapad US, EU, NATO. A bre idioti zarem ne gledate deka kriminalcite od zapad se precekuvaat kako osloboditeli, javno prpagiraat a ijavno ucenuvaat za da se unisti Makedonija a vie sega “nekoj rusi vlegle ama neznaeme sto pravat”, ha ha ha Idioti ocekuvaat da dobijat nekoj poen so propaganda protiv rusija a nasite predavnici oro igraat so zapadnite kriminalci…

Оставете Коментар