Алсат-М во војна со текстилни тајкуни

Настан организиран од страна на Кластерот за текстил, телевизија Алсат М реши да не го пренесе во јавноста.

Причина е вербалниот напад на претставници од ова здружение на бизнисмени врз новинарот на Алсат Иле Петревски, кој бил нападнат додека ја вршел својата задача и поставил прашање до лицата кои ја воделе прес-конференцијата.

Додека Алсат М не добие јавно извинување за искажаните навреди, не само кон новинарот на телевизијата туку и кон сите останати на кои им беа дофрлани навредливи зборови со деградирање на професијата, прес-конференциите и активностите на Кластерот за текстил нема да бидат објавувани во нивните информативни изданија.

Работниците во текстилната индустрија се најмалку платени во земјава а неретко работат и за празници и викенди без да добијат надоместок за тоа.

SHARE