Аманатидис: Црквата на пјРМ го напушта името „македонска“ (ВИДЕО)

Грчкиот заменик министер за надворешни работи Јоанис Аманатидис во изјава за ЕРТ потврдува дека МПЦ, според него, „во својот назив, го напушта терминот ‘македонска’, што претставувало сопка за преговарање на важното црковно прашање, и со тоа се намалуваат стравовите на Црквата во Грција”.

“Тоа е решение за црковно прашање, бидејќи тоа беше сериозна работа што отежнуваше да се преговара. Таквото решение ги негира стравувањата од Грчката црква”, рече Аманатидис.

Тој ја повика главната опозициска партија да ја разјасни својата позиција во врска со македонското“ прашање и да признае дека решението за ова црковно прашање е многу важно.

 

SHARE