„Амазон“ го стигна „Ејпл“ – надмина 1.000.000.000.000 долари

Амазон денеска стана втора компанија во САД која достигна пазарна вредност од 1 билион долари, само неколку недели откако „Apple Inc“ го надмина овој праг на 2 август.

Акциите на компанијата достигнаа вредност од  2.050,26  долари со што вредноста на компанијата ја поминаа границата од „соништата“ од долари.

На 30 август „Амазон“ го помина прагот од 2.000 долари за една акција, откако двојно ја зголеми цената за само 10 месеци.

Акциите на „Амазон“ првпат достигнаа 1.000 долари на 27 октомври 2017 година, а 8 години пред тоа, на 23 октомври 2009 година вредеа 100 долари.

Оставете Коментар