Амбасадата на САД во Белград со видео за 100 години сојузништво со Србија (ВИДЕО)

Loading...

Амбасадата на САД во Белград со специјално видео им го честиташе на граѓаните на Србија денот на кој е воспоставено сојузништвото меѓу двете земји.

Видеото во кое се споменуваат најпознатите Срби во историјата а во кое главната порака е “Вие сте светот”, се емитува и преку Српската национална телевизија.

На 25 јули 1918 година за прв пат српското знаме било развиорено на Белата Куќа и тој датум се смета за формален почеток на српско-американското сојузништво кое беше прекинато во 1999 година со војната на НАТО предводена од САД против Милошевиќ.

Оставете Коментар