Амбасадорот Бејли најдоцна до католички Божик заминува од Македонија

По речиси 4 години како амбасадор во Македонија американскиот амбасадор Џес Бејли до крајот на годинава, најверојатно до почетокот на декември, ќе ја напушти својата позиција како прв дипломат на САД во земјава, дознава expres.mk од западни дипломатски извори.

Џес Липинкот Бејли дојде во 2014 година откако беше потврден како Амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот. Тој предходно бил вршител на должноста амбасадор во Амбасадата на САД во Анкара, каде пристигнал во јули 2011 како заменик амбасадор. Пред тоа, тој работел во Стејт Департментот како директор на Канцеларијата за Јужна Европа, каде ги менаџирал билатералните односи со Турција, Грција и Кипар.

Засега нема најава каде амабсадорот Бејли кој е професионален дипломат од кариера ќе ја продолжи својата дипломатска активност.

Роден е во Синсинати, дипломирал на Универзитетот Јеил, а магистрирал Европска историја на Универзитетот Колумбија. Зборува француски, турски и тајландски јазик. Женет е со Кејпи Полк Бејли со која има еден син, Ноа, кој е студент.

Пред пристигнувањето во Македонија тој ги поткрена тензиите во земјава откако на сослушувањето во американскиот Сенат изјави дека во земјава живееле мнозинство Словени и малцинство Албанци.

„Во структурата на македонското општество има повеќе од само Словени и Албанци. Има Турци, Роми и други, па ова е микроначин за богатството на Балканот и да се спои целото ова население во заедничка иднина. Мислам дека САД може да одиграат важна улога, поради својата историја и своите вредности“, рече Бејли во 2014 година пред пристигнувањето во Македонија по што откако дојде мораше да се дообјаснува пред македонската јавност.

Амбасадорот Бејли според информациите на expres.mk ќе биде заменет со дипломат од кариера која добро ја познава состојбата во регионот и кој одлично го познава процесот на преговори за името со Грција.

SHARE

4 Коментари

  1. Руската Федерација треба да свика седницата на Советот за безбедност на ООН, на која Русија по дискусијата за случувања во Македонскио парламент ЌЕ ПРЕДЛОЖИ РЕЗОЛУЦИЈА НА СБ НА ООН (Советот за безбедност на ООН) во која ќе стои дека по референдумот во Македонија, Преспансиот договор пропадна и преговорите за името како такви пропаднаа, па земајки ова во предвид, Советот за безбедност на ООН ПРЕПОРАЧУВА на Генералното собрание на ООН да и продолжи членството на оваа држава под нњјзиното уставно име Република Македонија.
    ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ВИДИ ПОТОА, ДАЛИ САД или некој друг ЌЕ СТАВАТ ВЕТО НА ВАКВАТА РЕЗОЛУЦИЈА НА СБ!
    АКО СТАВААТ ВЕТО, ЌЕ ИМАМЕ ИСТА СИТУАЦИЈА КАКО 1947. КОГА БЕШЕ ПОБАРАНО СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ 1947. И ИСТАТА РАЗВРСКА како 1948 те. резолуцијата со која се прифаќа СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ и се воспотавува уставното име Република Македонија во ООН! Ќе треба од Русија (и Турција) да се бара преку Генералното собрание на ООН СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ за дополнителните услови за прием на Македонија во ООН.
    АКО опет пример САД или некој друг НЕ СТАВИ ВЕТО, ЌЕ ИМАМЕ директно ГЛАСАЊЕ ВО ООН СО ПРОСТОТО МНОЗИНСТВО во Генералното собрание на ООН, КОЕ МОЖЕ ДА РЕЗУЛТИРА СО ВОВЕДУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ ВО ООН.
    Со тоа многу веројатно ќе биде воспоставено уставното име РМ во ООН.
    Ако има пречки ќе се побара од Генералното собрание на ООН СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ како што беше направено 1947. и потоа слично како 1948. суд ќе прогласи дополнителните услови за пријем (референцата, и преговорите) за дополнителни и нелегални. По прифаќањето на СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ од страна на Генералното собрание на ООН, нема да може да се повеќе користи референцата и во истата резолуција со која се прифаќа СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ ќе се воведе уставното име Република Македонија во ООН.
    Тука постапката завршува.
    Иванов треба да напише писмо до Путин и побара средба со која ке бара Руската Федерација да покрене овие постапки. Со тоа Иванов ќе се спаси и дома.

Оставете Коментар