Амбасадорот Тимоние го виде “Ругање со Христос”, Заев, БЕСА и ДУИ во небрано

– Ти благодарам. Го гледав филмот вечерва. Повеќе го разбрав како медијација врз наследството на културата на насилство, отколку било што друго и пред се како химна на животот и љубовта. Ти благодарам за ова, му напишал Кристиан Тимоние, француски амбасадор во Македонија на режисерот на филмот “Ругање со Христос” Јани Бојаџи.

Thank you.I watched the movie this night.I understood it more as a meditation on the heritage of a culture of violence than anything else and first of all an anthem to life and love.Thank you for this .

Christian Thimonier
French ambassador

На пораката полна со поддршка одговори Бојаџи:

“Му благодарам на Амбасадорот на Франција за вниманието и интересот за филмот ,,Ругање со Христос,, и за мојата работа како уметник воопшто.

Долги години избегнував вакви средби. Ги сметав за ,,кодошење,, на сопствената земја кај странци. Но веќе немам избор.

Си ветив, ќе отидам кај секого каде што ќе можам да ве демаскирам, раскринкам и докажам дека ги лажете за тоа што сте: лажни левичари кои подржуваат милитаристички организации, псевдо уметници кои забрануваат и подржуваат забрана на уметност, конвертити чии татковци и дедовци биле антизападни бољшевици и каповци на комунистичките тајни служби, црвена буржуазија која триесет години создава конфликти од кои се храни и живее!

Борбата е тешка. Ама ќе победиме. Вистината, секогаш победува, нели”, напиша Бојаџи како одговор на францускиот амбасадор.

Веднаш по добивањето на наградата на фестивалот во Монтреал Бојаџи беше јавно нападнат од министерот за култура Асаф Адеми од Беса, претставници на ДУИ и од премиерот дека филмот бил антиалбански и дека ширел говор на омраза а Заев најави дека побарал да се блокира поддршката за промоција на филмот.

Пред една недела на денот на македонската премиера на фестивалот Киненова, наводно случајно по 15 месечна истрага беше уапсен таткото на режисерот Бојаџи а народниот правобранител побара од судот забрана на филмот.

Подоцна правобранителот се откажа од гонење на филмот и режисерот.

SHARE