Амди Бајрам ќе му го јаде лебот на Командант Хоџа

Партијата Сојузот на Ромите на пратеникот Амди Бајрам влегува во владата.

Долгогодишниот член на коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ Амди Бајрам деновиве се договорил со премиерот Заев негови соработници да добијат високи позиции во Владата а тој и формално да ја поддржува владината коалиција во Собранието.

Амди Бајрам беше еден од најголемите критичари на Заев додека тој беше во опозиција а на предизборни митинзи покажуваше морков како средство со кое ќе го “уловел”.

На социјалните мрежи веќе почнаа шегите дека Бајрам ќе му го јаде лебот на Командант Хоџа кој си даде оставка од советничко место во кабинетот на премиерот.