Американците и картата на светот: А, Африка не е држава? (ВИДЕО)

Американскиот ТВ водител Џими Кимел станува се попопуларен со неговото шоу во кое на улиците на градовите им поставува едноставни прашања на своите сограѓани и добива – неверојатно смешни одговори.

Неговиот најнов тест на знаењето на Американците беше поврзао со европската посета на претседателот Доналд Трамп: „Важно е Америка да има силни врски и знаење за луѓето во другите земји, а таа одговорност се однесува на сите нас, а не само на претседателот“ вели Кимел.

Со цел да го „измери“ знаењето, неговиот тим постави карта на светот на улица и на минувачите им постави едноставно прашање: наведете било која земја.

Значи, не одредена земја, туку да покажат било која.

Одговорите беа изненадувачки, повеќето од нив мораа да се потсетат дека Африка е континент а не држава, додека други не можеа да ја покажат ни  Америка.

„Дали знаевте дека Европа е всушност Австралија, ова, а не Азија? Алјаска е иста како Гренланд, или Остров? Иако, ова е веќе комплицирано“, беа некои од одговорите.

Незнаењето на тестираните Американци беше такво што многумина мислеа дека снимањето е наместено.