Американската “Слободна Европа” удри на Заев

Во колумна на еден од своите уредници Зоран Ќука “Радиото Слободна Европа” на македонски јазик директно ја критикува и владата на Зоран Заев.

Иако во колумната централен дел е посветен на опозицијата и на нејзините негативни поведенија кога беше власт за прв пат медиумот кој се финансира од американски извори го критикува Заев.

“Разочарува, исто така, што опозицијата не покажа сериозна намера да се оттргне од мирисот на Фамилијата. И се додека реата на криминалот на фамилијата се поврзува со партијата, нема ништо од здрава и силна опозиција како вистински коректор на власта, а не пишувач на соопштенија и видео изјави, пишува Ќука во колумната и ја обвинува владата на Заев за двојни стандарди.

“И се додека и актуелната власт, оваа и која било идна, применуваат двојни аршини во битката против криминалот и корупцијата ќе се зборува за фамилии и картели”, заклучува уредникот во Радиото Слободна Европа на македонски јазик.​

Во фуснота РСЕ забележува дека не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

Целата колумна овде