Американски експерт призна “народен” а не бојкот зад кој стои ВМРО-ДПМНЕ или Москва

Медиум финансиран од Вашингтон објавува анализа според која бојкотот за референдумот не е организиран од македонската опозиција, претседател или друг политички фактор туку од голем број други актери кои не се координирани и со тоа индиректно признава “народен карактер” на апстиненцијата.

Како што 1,8 милиони жители на Македонија со право на глас размислуваат за своите опции на референдумот на 30-ти септември годинава за промена на името на државата и ставање крај на спорот со Грција, земјата што беше обвинета за преплавување на американските гласачи со лажни вести за време на претседателските избори во 2016 година со кои Доналд Трамп дојде на власт, сега и самата се наоѓа на удар на иста кампања на социјалните медиуми. Во македонската сива индустрија за производство на „лажни вести“ изгледа дека тоа што си заминува, повторно се враќа, заклучува Алан Кросби во својата анализа објавена на Радио Сободна Европа.

„Бојкот на референдумот“, „Не ја уништувајте Македонија“, „Заев е предавник“, се само дел од пораките што според аналитичарите кружат на лажните профили на социјалните медиуми во напорите на противниците на „ЗА“, опција што силно ја застапува премиерот Зоран Заев со цел да се одблокираат евроатлантските интеграции на земјата.

Според професорот од Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, кампањата за бојкот не е координирана од некоја поголема политичка партија, но таа е водена од повеќе актери без централна контрола, што промоцијата на сајтовите со лажни вести ги прави поважни.
– Дополнитено, прашањето е многу поларизирано, и со тоа повикува на такво „информирање“, вели Бибер за Радио Слободна Европа.

Официјалните претставници од Запад во повеќе наврати предупредуваат за руско мешање со цел намалување на ЕУ и НАТО амбициите во земјите од Источниот блок, вклучително преку интернет тролови и други алатки на „хибридна војна“. Но, засега нема знаци од „кибер оружје“, што ќе покажат вклученост на Москва во моменталната дебата во Македонија.

– Јасно мнозинство од македонските граѓани сакаат членство во ЕУ и НАТО. Договорот е единствен начин да се стигне до тоа, вели Бибер за РСЕ.

Малкумина Македонци се среќни со промена на името, но повеќето велат дека го прифаќаат со цел да се обезбеди евроатлантска интеграција на земјата. Темата е толку сензитивна што дури и референдумското прашање не го содржи новото име, се вели во анализата на РСЕ.

Тоа дополнително ги потхранува противниците со желба да ги искористат социјалните медиуми за влијание врз јавното мислење, исто како што сомнителните портали и анонимни профили на социјалните медиуми влијаеја на американските избори во 2016 година, кога Македонија доби култен статус, поради илјадниците веб страници за ширење лажни вести регистрирани таму. Исто како со изборите во САД, така и сега постојат сомнежи оти Русија е во центарот на таквите дезинформации.

Премиерот Зоран Заев, јасно кажа дека нема докази за мешање од страна на Русија. Но, американскиот секретар за одбрана Џим Матис, во пресрет на посетата на Македонија на 17 септември, кажа дека Русија прави напори да ги искористи парите и влијанието за градење опозиција на претстојниот референдум.

– Нема сомнеж дека насочуваат пари и спроведуваат пошироки кампањи, изјави Матис пред новинарите на пат кон Скопје, иако посочи дека не е јасно колку ефективни се напорите на Москва за неуспех на референдумот.

Изештаите за состојбата со медиумите во Македонија, покажуваат дека околу 40 нови профили се креираат на „Фејсбук“ секој ден со единствена цел да се охрабрат луѓето за бојкот на референдумот. Ваквите портали и интернет странции најдоа голема публика во САД и сега изгелда дека го прифаќаат и пазарот дома.

Неодамнешно истражување на Институтот Отвотрено општество во Софија, покажува дека Македонците можеби се дури и повеќе подлежни на такви манипулации, во однос на другите држави од Европа. Извештајот покажува дека Македонија е последна на листата од 35 европски држави според медиумската писменост на населението, што значи дека е најподлежна за „лажни вести“.

SHARE

Comments are closed.