Американски војник умре во базата „Бондстил“

Министерството за одбрана на САД соопшти дека во базата  „Бондстил“ во Косово починал американскиот водник, Конрад Робинсон.

Ова е втор случај на смрт на американски војник во американската база во Косово од  почетокот на оваа година.

Американски медиуми јавија дека во вчерашниот извештај на Пентагон стои дека  36 годишниот Робинсон, роден во Калифорнија, починал во „не-борбен инцидент“.

Оставете Коментар