Шон Рајан портпаролот на меѓународната коалиција предводена од САД во борбата против милитантите денеска изјави дека аАмериканските сили ќе останат во Ирак „колку што е потребно“ за да помогнат во стабилизирањето на регионите кои претходно беа контролирани од страна на Исламската држава, пренесе Ројтерс.

„ Главната причина, откако Исламска држава е поразена воено, се напорите за стабилизација и треба да бидеме таму “ рече портпаролот. Ж

Сепак, бројот на американски војници може да се намали во зависност од тоа кога сили од други членки на НАТО ќе се распоредат да помогнат во обуката на ирачката армија.

Во Ирак во моментов има околу 5.200 американски војници.

Министрите за одбрана на НАТО  во февруари се согласија а ја зголемат мисијата за „обука и советување“ во Ирак, по повикот од САД да помогнат во стабилизација на земјата по тригодишната војна против исламските милитанти од ИСИС.

1 Коментар

Comments are closed.