Анализа на проф. Силјановска за Преспанскиот договор (2)

Професорката по уставно право Гордана Силјановска во темелна студија го анализира Преспанскиот договор.

Студијата ја објавуваме во повеќе продолженија поради обемноста и длабочината на подготвениот материјал со цел подобро објаснување пред јавноста на содржината на договорот кој в недела е предмет на гласање на референдумот.

Пишува Проф. Др. Гордана Силјановска Давкова

ХЕЛЕНСКАТА РЕПУБЛИКА ( ГОЛИЈАТ) versus ВТОРАТА( БЕЗИМЕНА) СТРАНА( ДАВИД)
Не треба да сте правник за да воочите дека Првата страна има статус на надреден
договорен субјект, а втората, на подреден, што ја прави објект, иако, двете држави,
како признати меѓународни субјекти, би требало да бидат рамноправни договорни страни!! Власта и незините подржувачи, но и Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во пресрет на референдумот, истакнува дека прифаќањето на
„Преспанскиот договор“ е неминовно за влез во НАТО во следните две години и почеток на преговорите за ЕУ.

Да споменам дека во 2002 година, Крег Ретклиф, портпарол на НАТО во Република Македонија, на прашањето: „Република Грција е член на НАТО, дали може да се очекува од НАТО и неговите членови да ја подржат Грција во спорот, одговора:

„НАТО не е во позиција да ја поддржува Република Грција во овој спор. Тоа не е проблем на НАТО. Тоа е проблем на Грција..Овој спор мора да се реши со почитување на меѓународното право и со помош на ОН, а секако и со помош на двете држави, инволвирани во спорот.

НАМЕСТО WIN-WIN, WIN -LOOSE ДОГОВОР
Договорот има Преамбула и три дела: првиот , составен од 8 члена, го регулира прашањето на името и прашањата врзани за него, како и добрососедските односи;

вториот е посветен на стратешкото партнерство, третиот, на „решавање на споровите“
и на крајот, Завршните одредби.

Неспорно е дека стратешкото партнерство е важен
инструмент во градењето политика на добрососедски односи, но соработката во низа
области се заговараше и во Привремената спогодба.

Правно, со оглед на природата наспорот, претпочитам, стратешкото партнерство да биде предмет на посебен договор, односно договори што,согласно Законот за склучување, ратификација и спроведување на меѓународните договори, би ги потпишувале надлежните министри.

Чинам дека вториот дел е инкорпориран во Финалниот договор од тактички причини, заради привид на “ win-win” солуција, иако се работи за “win- loose” договор на релација : Прва- Втора страна, како и како основ/ алиби за неговото потпишување од министерот за надворешни работи, наместо од Претседателот на државата, како исклучиво уставно надлежен за првиот дел.

ПРЕАМБУЛА:

Дух на нерамноправност извира уште од првата реченица на Преамбулата, зошто
“Првата страна“ е Хеленската Република, како „уставен израз “ на „грчкоста“ на сета
античка историја и „континуитет“ од античките градови- држави и античката македонска држава до современата грчка државаод 1830 год, а „вторатастрана“ е „безимена“. Чекор назад!!

Во петицијата, објавена во „Елефтеротипија во 2006 година, 56 грчки интелектуалци рекоа : ние ќе ја викаме Македонија…. ке ја викаме државата
Република Македонија со нејзиното уставно име, што ќе рече нејзино единствено, легитимно и вистинско име“. 8 Дури, ни референцата „бивша југословенска Република Македонија“ од Резолуцијата 817 (1993) не се споменува , иако Република Македонија влезе под неа во бројни меѓународни организации, склучи многу договори под уставното име, не само со државите кои ја признаа под него, туку и со многу други.

КОЈ Е PRIMUS, А КОЈ SECUNDUS ВО МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ?

Спогодбата во името на „Хеленската република“ ја потпиша грчкиот министер за
надворешни работи, г-дин Козиас, а во името на втората страна (безимената),
министерот за надворешни работи, г-дин Димитров, со што двојно е прекршен членот
119 , став (1) од Уставот на Република Македонија, според кој “меѓународните
договори ги склучува Претседателот на Република Македонија, во името на република
македонија.

Јасно е дека Претседателот на Република Македонија, како и другите
претседатели на држави, вклучувајќи го и грчкиот (избран од грчкиот парламент) 9 е
“primus” во меѓународните односи, иако беше целосно запоставен во преговарачкиот
процес, со што се прекрши Уставот.
Во ставот (2) на Уставот на Република Македонија се вели дека„меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија, кога е тоа определено со закон, како “secundus” во меѓународните односи.

Во член 2, став (3) на Законот за склучување, ратификација и спроведување на
меѓународните договори (1988 год)се наброени областите во кои владата може да
склучува договори, но во нив не само што го нема, туку не може ни имплицитно да се
вклучи прашањето за името!! Се соочуваме со ultra vires чин, зошто потписникот
излегол надвор од надлежноста, односно ги пречекорил уставните и законски
овластувања!! Да потсетам: никаде во Уставот нема ниту збор за надлежен орган или
постапка за промена на името. Тоа му дава карактер на неразделен елемент на
националниот и државен идентитет.

ХИПОКРИЗИЈА: ПОВИКУВАЊЕ НА ПОВЕЛБАТА НА ОН И НА ЗАБРАНАТА ЗА МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА ДРУГА ДРЖАВА И НИВНО de facto КРШЕЊЕ
Во Преамбулата на Преспанскиот договор, е наброена долга листа на начела, цели и
релевантни меѓународни документи, вклучувајќи ја и Повелбата на ОН и забраната за
мешање во внатрешните работи на државите.

За жал, истите, ниту се почитувани при
приемот на Република Македонија во ОН, ниту на нив се темелат решенијата од Делот 1 на Спогодбата, зошто со Спогодбата , Грција се меша во внатрешните работи на „втората страна “, вклучувајќи го уставот, историјата, културата, нацијата, јазикот…. нивното регулирање со билатерален меѓународен договор е непознат феномен во меѓународното право, па повикувањето на нив, во спогодба што ги крши, е цинизам и хипокризија на меѓународната политика, надвор од меѓународното право, па дури и од ius cogens!!

Иако во алинеата 10 на Преамбулата се тврди дека разликите се решавале во
согласност со Резолуцијата 817(1993), Резолуцијата 845(1993) и членот 5 од
Привремената спогодба (1995), намерно се премолчува пресудата на Судот на правдата од Хаг, донесена во 2011 година со која се утврдува кршење на членот 11(1) од „Првата страна“ .

Никој не е против зајакнување на билатералната соработка и стратешкото партнерство
меѓу двата соседи , но тие се можни само врз основа на взаемно почитување на
правниот субјективитет и чувствителноста и достоинството на обете страни, што не е
случај со овој договор, зошто тој не се фокусира само на решавање на меѓусебната
разлика за името, туку длабоко се инфилтрира во суверените права на „втората страна“ низ erga omnes пристапот, иницирајќи промена на историското и уставно име „Република Македонија“, неводејќи сметка за 74 годишниот македонски државен континуитет, односно за правото на самоопределување на македонскиот народ , реализирано на АСНОМ(1944) година, со чии одлуки Демократска Македонија е
конституирана како национална држава на македонскиот народ, со што се остварило
предвидувањето на Димо Хаџи- Димов од 1923 година:”Македонија го има својот прв
Илинден…. ќе го има и својот втор Илинден… Овој втор Илинден е близок , тој доаѓа
…“.

Правото на самоопределување e потврдено со првиот устав на Народна Република
Македонија од 1946 година. Всушност, Народна Република Македонија, врз основа на
правото на самоопределување на македонскиот народ , влезе во југословенската
федерација на рамноправни народи и републики и врз основа на истото излезе од СФРЈ во процесот на нејзината дисолуција, 11 а македонскиот јазик , прогласен за службен јазик со решение на АСНОМ, стана еден од трите официјални јазици во рамките на федерацијата, покрај српско-хрватскиот и словенечкиот.

Продолжува

37 Коментари

  1. Дури и Преспанскиот договор е РУШЛИВ во Меѓународниот суд за правда, бидејќи втората страна не е означена ниту со Скопје, ниту со БЈРМ, меѓународните договори мора да содржат ИДЕНТИТЕТОТ на страни договорнички. Општите правни правила се применуваат и на меѓународните договори, а вид на договорот е и спогодбата. Второ, рез. 817 е слаба правна основа врз која се базира Преспанскиот договор. Имено, во рез. 817 се вели:
    „Welcoming the readiness of the Co-Chairmen of the Steering Committee of the International Conference on the Former Yugoslavia, at the request of the Secretary-General, to use their good offices to settle the above-mentioned difference, and to promote confidence-building measures among the parties,

    Taking note of the contents of the letters contained in documents
    S/25541, S/25542 and S/25543 received from the parties,

    1. Urges the parties to continue to cooperate with the Co-Chairmen of the Steering Committee of the International Conference on the Former Yugoslavia in order to arrive at a speedy settlement of their difference;

    2. Recommends to the General Assembly that the State whose application is contained in document S/25147 be admitted to membership in the United Nations, this State being provisionally referred to fgr all purposes within the United Nations as “the former Yugoslav Republic of Macedonia” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State;”

    Од една страна нема стандардната безбедносна формулација ” за зачувување мир и безбедноста”, туку само “Secretary-General, to use their good offices to settle the above-mentioned difference, and to promote confidence-building measures among the parties,” во превод Генсек нуди своите “добри услуги за градење мерки за доверба меѓу страните” !!!, па потоа само “Urges the parties” те. “Ургира” (а не обврзува), и употребува “settlement of their difference”, што значи “надминување на недоразбирања” (дури не се корист ниту “спор”) и на на крај стои “Recommends to the General Assembly”, те. ПРЕПОРАЧУВА и ништо повеќе од тоа ! Оваа препорака НЕ МОЖЕ да биде основа за спогодбата!
    Во неа е содржана само УРГЕНЦИЈА без обврзување!
    Исто е и со рез.845! Таа е УРГЕНЦИЈА без обврзување!
    Двете рез. немаат безбедносен карактер.
    Понатаму, во рез. 817, 845 и 47/225 имаме случај со пречекорување овластувањата на органите на ООН бидејќи се креираат трансцедентните услови кои го надминуваат чин на приемот. За ова имам пишано најмалку 500 пати, па не би ги повторувал тези за дополнителните услови.

    Друго: Очекувам силен говор на претседателот Иванов во Генералното собрание на ООН.

    Очекувам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во недела да го искаже својот став за бојкот. Сум убеден дека ќе „АПСТИНИРА”.

    • Игор Јанев, досега мислев дека се правиш мутав, сега почнувам да мислам дека навистина си мутав. Како бе Игор Јанев во Резолуцијата 817 НЕМА стандардна безбедоносна формулација „за зачувување на мир и безбедност“, кога во нејзе убаво пишува дека разликата која се има појавено во врска со името на државата ТРЕБА ДА СЕ РЕШИ ВО ИНТЕРЕС НА МИРНИТЕ И ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ!? Што се случува со тебе Игор Јанев? Кого го лажеш? Другите или себе си?Или ти не си Игор Јанев, туку некој шалабајзер што го користи името Игор Јанев.

  2. За да може да се разбере проблемот со името треба да се имаат во предвид ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ при приемот на Македонија во ООН

    За да може да се разбере проблемот со името треба да се има предвид дека во 1993 г. Република Македонија (РМ) е примена во членство на ООН со два дополнителни услова, во однос на легално пропишаните во член 4 (1) од Повелбата на ООН. Тие дополнителни услови, според Резолуцијата 197/III од 1948 г. на Генералното собрание на ООН, се правно нелегални т.е. спротивни на член 2 (1, 4, 7) и член 4 (1) од Повелбата на ООН. Обврските кои настанаа од двата дополнителни услова, исто така, се нелегални и го дискриминираат членскиот статус на Република Македонија во ОН. Како што епознато, тие услови се однесуваат на обврската да се носи референцата Поранешна Југословенска Република Маке донија (ПЈРМ) и обврската (имплициарана) да се преговара за сопственото уставно име, кое претставува правен идентитет на (која било) држава во меѓународното правно комуницирање. Референцата ПЈРМ е обврска, бидејќи ниту една земја или правен субјект не би се согласил (без обврзување) да носи еден облик арбитрарен лимитирачки полуидентитет (несакано име), поврзан со непочитување на волјата на народот, доколку тоа не е обврска, односно должност. Оваа обврска, формулирана како имплицитен услов, беше цена која Република Македонија мораше да ја плати за влез во ООН. Без да го толерира овој услов и ваквата обврска Македонија не можеше, според редовни критериуми, да стане членка на ООН (без разлика на дадена или на недадена согласност за носење). Затоа ова беше нестандарден критериум или барање врз кој во редовната постапка РМ не можеше да влијае. Оттаму, по дефиниција, ваквата ситуација во која на барање нема (никаков) ефект противење, се класифицира како условување. Конкретно, Македонија доби услов во облик на референца. Натаму, референцата беше проследена со имплицитно барање да се преговора за својот правен идентитет за меѓународна комуникација во ОН и правен промет сe додека не се најде формулација на уставното име на државата-членка на ОН, при што другиот преговарач беше директен противник за користење на уставното име во меѓународната правна комуникација и прометот. Правно проблематичната природа на преговорите се гле да во фактот дека несаканата референца ќе постои сe додека траат разговорите за уставното име на нашата суверена земја, односно референцата ќе се замени и ќе исчезне кога ќе се добие согласност од двете страни во разговорите (во арбитрарен предмет). Оттука, гледаме дека е потребна согласност од Грција за изборот на нашето уставно име, односно без ваква согласност референцата правно може да егзистира неопределено долго (дефиниција на неопределени преговори за правниот идентитет). Оттаму, разговорите за правниот идентитет се правна екстензија на несаканата референца односно ДЕНОМИНАЦИЈА и овие преговори имаат ист правен карактер, како и самата референца, односно деноминацијата. Имено, преговорите се втор услов за прием на РМ во ООН и претставуваат несакана обврска, како што е случај и со несаканата референца. Како што е покажано, и двата дополнителни услова се нелегални и спротивни на Советодавното мислење на Меѓународниот суд (МСП) во Хаг од 1948 г., Резолуцијата 197/III од 1948 г. на Генералното собрание на ООН и повеќе други меѓународно-правни документи. Првиот услов несаканата референца) се однесува на правниот поредок на ООН, а вториот, преговорите за правниот идентитет, е таква обврска која се однесува и на правниот поредок и надвор од системот на ОН! Евентуално договорен правен идентитет, имено, би бил користен и во однос на нечленките на ООН, како и во другите организации надвор од поредокот на ОН.

    И двата дополнителни услова во време трансцедираат го моментот на приемот во ООН, тие не се имплицитно или експлицитно содржани во дефинираните егзостивни услови во член 4 (1) од Повелбата на ООН и имаат специфичен неправен карактер, а НЕ ОПШТ карактер! Оттаму, тие се нелегални услови и креираат незаконски обврски (ex in juria jus non oritur), со кои се крши правниот поредок на ОН, натаму членските права на РМ во ООН и, конечно, клучните основни права на РМ и надвор од системот на ОН.

    Од оваа гледна точка постојат два модалитета за разрешување на проблемот. Првиот е политички, а вториот е правен пристап. Имено, проблемот не е меѓу РМ и Грција, туку на релација РМ – ОН. Политичко решение не егзистира во рамките на преговорите, бидејќи овие разговори генерираат (законски) неопределен број желби, кои РМ не може да ги задоволи (без сериозно нарушување на сопственото достоинство и морална штета).

    Политичкиот пристап со Директна резолуција во Генералното собрание на ОН подразбира сфаќање дека преговорите не може да резултираат со решение. (Всушност, политичко решение не постои!) Ова е резултат на фактот дека бесконечните услови кои й се поставуваат на Македонија, а произлегуваат од дополнителните при приемот немаат воопшто правна природа. Имено, еден од условите може да се трансформира и да се подели на не лимитирано голем број нови услови, креирајќи неопределено многу обврски за Македонија. Така, разговорите за името стануваат преговори за јазикот, за културата, за историјата итн. На крај, може да се забележи дека трајното решение мора да биде во вид на резолуција на ООН, со кое би било дефинирано трајното решение за уставното име.

    Оттаму, треба да се има предвид дека политичкото решение кое нема да биде список на грчките желби и нема да биде понижувачко за Република Македонија, ќе мора да подразбира резолуција на Генералното собрание на ОН, со која референцата ПЈРМ ќе биде сменета во уставното име Република Македонија. Ова може да се направи со ДИРЕКТНА резолуција, која во Генералното собрание на ОН ќе ја смени референцата FYROM во уставното име Реублика Македонија.

    Втората опција е правна мерка или приод за воспоставување на уставното име во ООН, преку Меѓународниот суд на правда во Хаг. Имено, Република Македонија треба, слично како и Србија, да бара Советодавното мислење од Меѓународниот суд на правда (МСП) за легалитетот на дополнителните услови и обврски, со кои сме примени и со кои членуваме во ОН. По добивањето на Советодавното мислење од Судот, Генералното собрание на ОН со резолуција прво би ја сменило деноминацијата (времената) FYROM (како нелегална) во својата работа, односно во работата на органите на ОН во уставното име Република Македонија (трајно).

    Одлуката на Генералното собрание овде е обврзувачка за органите на ОН! Времената спогодба не пречи да се покрене процедура за добивање таквото Мислење од МСП, бидејќи овде не се работи за пресуда, туку мислењето е советодавно , НЕ е ОПФАТЕНО со одредбите од Времената спогодба и има цел да помогне при регулирањето на членските права на РМ во ООН и заштита на правниот поредок на ОН.

    Во текот на следната сесија на Генералното собрание на ОН на дневен ред треба да биде ставена предлог-резолуција, со која се иницира постапка за воспоставување на уставното име на Република Македонија во ООН. Оваа предлог-резолуција содржи прашање кое Генералното собрание на ОН го упатува до Меѓународниот суд за правда, со цел добивање Советодабноѕо мислење од Судот дали условите при прием на РМ во ООН (односно, условите на сегашниот членски статус) се легални т.е. во согласност со Повелбата на ОН. Како што досега повеќе пати нашата јавност беше информирана, овде не се работи за разрешување на спорот со Грција, туку за регулирање на нашиот членски статус во Обединетите нации, притоа имајќи предвид дека дополнителните членски обврски креираат дискриминаторен статус, кој е спротивен на повеќе меѓународни правни документи Конвенцији, вклучувајки ја и Виенската конвенција за односите меѓу државите и меѓународните организаци со унливерзален каратер (1975), во која со член 83 е ЗАБРАНЕТА членска ДИСКРИМИНАЦИЈА (Имено, Македонија според овој докумнет може и да ги тужи ООН, како меѓународно правното лице пред МСП за дискриминација во врска со повредените членски права во ООН со дополнителните услови).

    • Каде гледаш ти дека на Македонија и` се поставени два нелегални услови за да биде примена во ОН? Ја читаш ли ти Резолуцијата 817? Читаш ли дека таму пишува:„ Барателот ГИ ИСПОЛНУВА критериумите за членство во Обединетите Нации утврдени во член 4 од Повелбата“ и дека (Советот за безбедност) препорачува на Генералното собрание државата (чие барање е содржано во документот Ѕ/25147) ДА БИДЕ ПРИМЕНА во членство во ОН!? Каде гледаш ти дека Советот за безбедност покрај тоа што утврдил дека „барателот ги исполнил условите од чл. 4 од Повелбата“ и „препорачал да се прими во ОН“ да БАРА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ??? Според оваа препорака на Советот за безбедност, нашата држвава наредниот ден е ПРИМЕНА ВО ОН. Кој дополнителни услови во тие 24 часа, од донесувањето на Резолуцијата 817 до одлуката на ГС на ОН, со која сме примени во ОН, исполни Македонија па беше примена во ОН??? И тоа што е примена под референца ФИРОМ, и тоа што се бара со Грција да најдеме решение за разликата околу името е добро објаснето во Резолуцијата 817. Таму јасно пишува дека разликата околу името (КОЈА Е УТВРДЕНА ОД СБ ПРИ ПРИЕМОТ на нашата држава) треба да се реши ВО ИНТЕРЕС НА МИРНИТЕ И ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ и дека ДОДЕКА НЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ нашата држава ќе се нарекува ФИРОМ. Ако ова СЕ НЕКАКВИ УСЛОВИ, тогаш тие се услови ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ МИРНИ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ, нешто што го бара Повелбата на ОН и за што се грижи Советот за безбедност. Дали тебе Игор Јанев ти е јасно дека Советот за безбедност ПРЕВЗЕМА МЕРКИ и БАРА од сите земји на светот ДА НАЈДАТ РЕШЕНИЕ за СЕ` што го нарушува мирот и добрососедските односи, па побара од нас да ја решиме разликата околу името и да бидеме со рефернцатата ФИРОМ додека не се реши разликата околу името ( „во интерес на мините добрососедски односи во регионот“- како јшто е нагласено во Резолуцијата 817).

  3. Во македонските историски движења познато е дека д-р Игор Јанев беше Специјален советник на Министерот за надворешни работи во 2002 година. Во научните анализи од 1998-та година за легалитетот при приемот на Македонија во ООН открил кршење на Повелбата на Обеднинетите нации. Овој исклучителен научен придонес е објавен во списанието со највисок научен рејтинг во правните науки American Journal of International Law. Ставовите на Игор Јанев ги презентираше и македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 67-то Генерално собрание на ОН во 2012-та година, кога го искажа ставот дека при приемот на Македонија во ООН Република Македонија беше условена со два дополнителни услови надвор од пропишаните според Повелбата на ОН. Имено таквите услови, посебни за македонскиот прием, се спротивни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ),според Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (од Хаг) од 1948 година, во кој се искажува ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата.
    По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија (РМ) со нелегалните дополнителни услови, Игор Јанев предложи стратегија за решавање на проблемот со името во ОН, која има два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поаѓајќи од Советодавното мислење на Меѓународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајќи ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948), Јанев покажа дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајќи ја референцата односно деноминацијата”the Former Yugoslav Republic of Macedonia”). Вториот модел е правната варијанта во која Јанев предлага еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Меѓународниот суд на правдата, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Меѓународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “the Former Yugoslav Republic of Macedonia”, и преговорите за името се нелегални, при прифаќањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).
    Ставовите на Игор Јанев се прифатени во научната периодика во светските научни списанија. Покрај American Journal of International Law (AJIL) ставовите на Јанев се објавени и во Review of International Affairs, Political Review и во други меѓународни списанија.

    • Нема ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ, нема преговори ЗА ИМЕТО. Има услови за да се зачуваат МИРНИТЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ, а тоа се пронаоѓање на решение со компромис помеѓу Македонија и Грција и употреба на референцата ФИРОМ додека не се најде таквото решение. А преговорите се ЗА РАЗЛИКАТА ОКОЛУ ИМЕТО, за НЕ ЗА ИМЕТО. Секој писмен може да го прочита тоа во Резолуцијата 817 на Советот за безбедност. Не мора никому Игор Јанев да му кажува за што се преговара и што се бара.

      • Eden e nekoj si Srbin, a ne shiptar! Pa na tebe eden na tvojot srpski ke ti kazham slednovo :

        U PORESHNU CRKVU SI DOSHO DA SE MOLISH!

        Odi na nekoj SDSM sajt! Trgni e budalo od ovde!

        • Дополнувам: Овој еден е комплетен идиот! Зборува за Мир и безбедност , а во 817 стои “promote confidence-building measures among the parties” !! еден врска нема, само провоцира.

      • Иванов јасно кажа дека ИМА ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ спротивно на одлуката на Меѓународниот суд за правда од 1948: Today, it seems “absurd” to be named “a former” nation. Recalling that the International Court of Justice 1948 advisory opinion had determined that placing additional criteria on United Nations membership contravened the United Nations Charter, he said that his country had been deprived of the right to self-identification. види: https://gadebate.un.org/en/67/former-yugoslav-republic-macedonia

      • МИРНИТЕ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ”…. a BE KRETEN NEINTELIGETNO SUSTESTVO ! ! grcija sie e grcijan i NE E MAKEDONIJA ! ! NIE SME MAKEDONCI I DRZAVA MAKEDONIJA ! ! ! koj ovde se mesa vo vnatresnite raboti na druga drzava i negira sve i svasta ?! ocigledno na umobolen shizofrenik koj si gleda samo svoi slikicki i samo ko gramafonska rasipana ploca povtoruva neso so nema vrska so realnosta ! ! grcija e taa sto gi narusuva osnovnite covekovi prava sekoj poedinrec a kamoli drzava da se izjasni toa sto e ! ! ! ako se oni makedonci neka dojdat ovdeka vo makedonija i neka pobaraat makedonsko drzavjanstvo ! ! ! sto se oni grci ili makedonci ? ! em maz em zena koj komu ide da mu go svirne pa na kraj hellass ! ! ! mozda i sam sa sobom !

  4. СТАВОВИТЕ НА ЛИЦЕТО КОЕ ОВДЕ СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО „ЕДЕН” ДА СЕ ИГНОРИРААТ!
    „ЕДЕН” Е ЛИЦЕ ОД СДСМ СО ИСТОРИЈАТ НА ТЕШКИ ПСИХИЈАТРИЈСКИ ПРОБЕЛМИ!

  5. Заев пати од Биполарна психоза на личноста со циклотимично пореметување и отсуство на личен идентитет односно подвојена личност со нагло менување мислење и расположение! Биполарното растројство се карактеризира со епизоди на депредија и манија. Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија до незауздана манија. Поединците кои страдаат од биполарно растројство вообичаено искусуваат флуидни состојби на манија, хипоманија или она што се нарекува мешана состојба поврзана со депресивни епизоди.
    Во основа, болеста се состои од две фази кои периодично се менуваат: манија (хиперактивност, восхитеност, радост, чувство на семоќ) и депресија (пасивност, чувство на безволност, безвредност, немоќ, тага и очајување).
    Овие клинички состојби се разликуваат од нормалните промени на расположението. Растројството има потподелби: биполар I, биполар II, и циклотомично растројство, при што биполар I и II можат да доведат до рапидна цикличност на расположението во текот на годината.
    Исто така нарекувано биполарно афективно растројство до скоро, неговото сегашно име е од понов датум и се однесува на кружењето меѓу “високи” и “ниски” епизоди; и го заменува стариот термин манично-депресивни психози, назив кој го дал Емил Крепелин (1856 – 1926) во доцниот деветнаесетти и почетокот на дваесеттиот век. Тој е германски психијатар и се смета за основач на модерната научна психијатрија. Новиот термин е создаден за да биде неутрален, и да се избегне стигмата кај пошироката јавност која доаѓа од спојот на зборовите “манија” и “депресија”.
    Симптомите најчесто се појавуваат во раната зрелост. Дијагнозата се засновува на искуствата кои ги пренесува лицето, како и на набљудувано однесување. Епизодите на болеста се поврзани со емотивна болка и нарушувања, како и се релативно висок ризик од самоубиство.

    А ти ЛАЖГО со идентитетот „еден” си патолошки лажов со напади на шизофренија и екстремна лабилност, без чувство на идентитет.

  6. Еј абе ЕДЕН па ти полудуваш кога ќе го прочиташ зборот МАКЕДОНИЈА. Сега ќе те нервирам. МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА . БОЈКОТИРАМ. МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА. Б О Ј К О Т И Р А М.

    • Зборот МАКЕДОНИЈА ќе го има и кога ќе се усвои договорот со Грција, зборот МАКЕДОНИЈА ќе го има во името на нашата држава, зборот МАКЕДОНИЈА ќе го има во нашите лични карти, зборот МАКЕДОНИЈА ќе го има во нашите пасоши, зборот МАКЕДОНИЈА ќе го има во сите наши документи, зборот МАКЕДОНИЈА заедно со МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ќе го има во сите документи на НАТО и ЕУ кога ќе станеме членка на НАТО и ЕУ. А само кога ќе станеме членка на НАТО и ЕУ, МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ ќе бидат безбедни и заштитени.

        • Самиот ќе бидеш сведок за тоа. Завршуваат сите стравови за Македонија како држава, завршуваат сите стравови за нас како македонски народ. Никој никогаш нема да ја дели и потценува Македонија. Нашиот македонски јазик ќе биде службен јазик во НАТО и ЕУ. Нема да има повеќе пасоши и граници за нас во ЕУ. Нема повеќе само три месеци престој. Не ќе треба виза за работа. Секој ќе може кога сака да оди во странство и да се враќа во Македонија. Македонија ќе влезе во една голема, богата фамилија. Во фамилија каде владее демократија и заштита на човекови права. Стандардите и владеењето на правото ќе мора да се применуваат и во Македонија. Сакале или не сакале, сегашната и секоја друга влада во Македонија ќе мора да се придржува и да ги спроведува законите кои владеат во земјите на ЕУ. Ќе се отворат нови видици и нови можности. Ќе завршат овие опседнатости од надворешни непријатели и внатрешни предавници. Луѓето во Македонија ќе почнат да се занимаваат со својот стандард, како да го подобрат својот живот, како подобро да го искористат своето слободно време, каде да одат на викенд, на одмор. Денот ќе им биде исполнат со пријатни работи, а не со политики, политичари, парии, непријатели од сите страни и разни „патриоти“ кои ја чуваат државата која би се распаднала без нивната „грижа“. Тоа нема да се случи прку ноќ. Ќе треба многу да се потрудиме. Но треба да тргнеме по тој пат. А почетокот е референдумот.

          • Еден Еден. Во ниту една приказна што су им ја читал и раскажувал на внуците нема толку “убавини” како во твојава. Ако им ја раскажам ќе знаат дека ѓи лажам.

      • еден, озбилно си болен, апстинирај од интернет, земи си апчиња па на спиење, а утре право на лекар-психијатар.
        А од мене: Ај жити се, Одјеби више!

        • ЗОРАН, зошто да не веруваме во подобра иднина со влегувањето во НАТО и ЕУ? Зошто да не веруваш, кога влегуваш во друштво на земји вредни, способни, средени, каде се поштова ред и закон, каде децата, старите, болните, изнемоштените, сиромашните се згрижени? Па, ние ќе мораме да ги прифаќаме нивните стандарди и правила. Зарем не ти е преку глава и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ од осамостојувањето па се до денес? Јас не верувам ниту на едните, ниту на другите. Верувам само дека влезот во НАТО и ЕУ ќе ни отвори врати кон нова, поинаква иднина од ова што до сега го живеевме. Никаква штета нема да биде ако Република Македонија се нарекува Република Северна Македонија и ако МАНУ, МРТ и, како беше она МОБ, ќе се нарекувале АНУСМ, РТСМ, ОБСМ или сл. Останува Македонија, ние Македонци, нашиот јазик македонски. Битно е да почнеме да живееме како луѓе надвор од влијанието на партиите. Гледаш дека се` е под контрола на партијата која ќе дојде на власт. Дека буквално животот на секој поединец и секоја фамилија, зависи од партиите. Запослување, лекување, школување, судење. Било каква работа да треба да завршиш во администрација ти треба помош од партијата или од познат. До кога така? Наместо да зборуваме за култура, уметност, спорт, слободни активности, хоби, излети, одмори, ние зборуваме за непријатели на државата и народот, за патриоти и предавници, како да живееме опкружени од ѕверови кои работат на уништување на нашата држава и нашиот народ. До кога така?

  7. IMA DOPOLNITELNITE USLOVI, vidi rez. 817 (cel tekst): The Security Council,
    Having examined the application for admission to the United Nations in document S/25147,
    Noting that the applicant· fulfils the criteria for membership in the
    United Nations laid down in Article 4 of the Charter,
    Noting however that a difference has arisen over the name of the State, which needs to be resolved in the interest of the maintenance of peaceful and good-neighbourly relations in the region,
    Welcoming the readiness of the Co-Chairmen of the Steering Committee of the International Conference on the Former Yugoslavia, at the request of the Secretary-General, to use their good offices to settle the above-mentioned difference, and to promote confidence-building measures among the parties,
    Taking note of the contents of the letters contained in documents
    S/25541, S/25542 and S/25543 received from the parties,
    1. Urges the parties to continue to cooperate with the Co-Chairmen of the Steering Committee of the International Conference on the Former Yugoslavia in order to arrive at a speedy settlement of their difference;
    2. Recommends to the General Assembly that the State whose application is contained in document S/25147 be admitted to membership in the United Nations, this State being provisionally referred to fgr all purposes within the United Nations as “the former Yugoslav Republic of Macedonia” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State;
    3. Requests the Secretary-General to report to the Council on the outcome of the initiative taken by the Co-Chairmen of the Steering Committee of the International Conference on the Former Yugoslavia.

    Uslovite se :

    1. Denominacijata (“the former Yugoslav Republic of Macedonia” ) namesto ustavnoto ime !!!,

    2. “settlement of their difference” ili pregovori!

    Fakt e deka ovie uslovi traat i po PRIMEOT !!!!!

    ZAKLUČOK: 817 e ULTRA VIRES (prečekoruvanje ovlasuvanjata)

    Ova go kaža Ivanov vo OON UNGA Debate na 67. Zasedanie! PROVERI!

  8. Здраво до сите, не ми се верува дека повторно ке се јавам на ово место каде сите се плукате взаемно. Но во ред, би сакал да ве го дополнам со еден текст на ОН Советот за Безбедност кои не беше познат на К.Г. а кој му го доставив 1998. Текстот дава инструкции за ситуациите со дополнителните услови до Советот и се однесува на работата на Советот за безбедност на ООН. По ова што ќе ви презентирам, Вие и натаму можете да продолжите со пцуење, навреди и сл. Еве го текстот, а секој од Вас нека мисли што сака:
    http://repository.un.org/bitstream/handle/11176/86312/S_1466-EN.pdf?sequence=2&isAllowed=y

  9. NE ZA PROMENA NA USTAVNOTO IME !!, Ne za Prespanskiot tnr.”dogovor”!,

    NITU ZA BILO KAKOV DRUG DOGOVOR ILI SPOGODBA ZA PROMENA NA IMETO!,

    TUKU ZA PRIZNAVANJETO NA USTAVNOTO IME REPUBLIKA MAKEDONIJA VO
    ORGANIZACIJATA NA OBEDINETITE NACII !

    BOJKOT NA SRAMNATA SPOGODBA !!!

    BOJKOT NA SEKOJA SPOGODBA KOJA E REZULTAT NA PREGOVORITE I PAZARENJE OKOLU IMETO!!!

  10. Каде тнр. “еден” стои “ТРЕБА ДА СЕ РЕШИ ВО ИНТЕРЕС НА МИРНИТЕ И ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ!” Еден, ЛАЖЕШ !
    Стои “promote confidence-building measures among the parties”, превод “градење пријателски односи” !!!!

  11. Иванов јасно кажа дека ИМА ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ спротивно на одлуката на Меѓународниот суд за правда од 1948: “Today, it seems “absurd” to be named “a former” nation. Recalling that the International Court of Justice 1948 advisory opinion had determined that placing additional criteria on United Nations membership contravened the United Nations Charter”, he said that his country had been deprived of the right to self-identification. види: https://gadebate.un.org/en/67/former-yugoslav-republic-macedonia

Оставете Коментар