Андонис Лиакос: Ако Преспанскиот договор пропадне ќе следи огромен притисок врз Грција

Грчкиот професор по историја на Универзитетите во Атина и Принстон и еден од највлијателните современи грчки интелектуалци, Андонис Лиакос најавува жесток притисок од страна на ЕУ и НАТО врз неговата земја доколку владеачката коалиција во Македонија не најде 80 пратеници што ќе гласаат за уставни промени.

Според Лијакос во такво сценарио Грција ќе биде натерана да ја прифати двојната формула, Македонија да влезе во алијансата со едно име а за дома и за сите што сакаат да го користат уатавното да биде земјата да се нарекува Република Македонија.

„Доколку Преспанскиот договор биде отфрлен, ќе следи огромен притисок кон Грција за да го отстрани ветото и Пјр Македонија да биде примена во евро-атлантските институции под уставното име со двојно име за Грција… Доколку договорот помине во соседната земја, ќе мора да си олесниме за да помине и во Грција. Доколку сепак договорот не помине, сметам дека, без разлика колку и да е тоа непопуларно, Грција ќе мора да биде подготвена да ја прифати двојната формула”, смета угледниот научник.

Лијакос важи за еден од највлијателни грчки научници кој соработува со врвни светски универзитети и меѓународни асоцијации а неколку грчки високи државни претставници ги користеле неговите научни и политички совети.

SHARE