Андов: Пред референдумот во 1991 не бевме држава, сега е друго

Првиот претседател на Собранието на Македонија, вели дека е несериозно да се влечат паралели меѓу активностите на меѓународната заедница денеска и периодот пред одржувањето на референдумот за независност во 1991 година.

Во контекст на прашањата во јавноста „дали тие се мешаат во внатрешните работи“,Стојан Андов вели:

„Тогаш бевме во друга држава, референдумот беше одржан во Југославија, Македонија не беше меѓународно призната поради што не можеше да се очекува присуство на видни гости. Не дека не се обидувавме да донесеме некој од главните политички лидери во тоа време(…) Никој не сакаше да дојде, затоа што потоа ќе беа нападнати дека поддржуваат сецесија на Југославија.

Сега е друго, имаме независна држава, премиер, влада, претседател, Собрание…“, вели Андов за „Независен весник“.

SHARE

Comments are closed.