Анџелина Џоли има 35 килограми, јаде само коцки мраз

Американската актерка Анџелина Џоли тежи само 35 килограми и се наоѓа на границата на целосна физичка исцрпеност поради бракоразводната парница со Бред Пит, пишуваат американски медиуми.

„Сосема престана да јаде и ослабна до само 34,5 килограми“, тврди неименуван извор близок до Џоли, според кој на емоционален и физички план Анџелина се претворила во „руина“ бидејќи внесува само течности.

„Всушност, таа јаде само коцки мраз. Тоа е толку анорексична што кожата ѝ виси и коските ѝ станаа кршливи“.

Џоли и Пит се разделија во септември 2016 година по 10 години заеднички живот иако во брак стапија во август 2014 година.

Џоли и Пит имаат 6 деца, од кои 3 посвоени.

Актерката поднесе барање за развод и го напушти семејниот имот во Холивуд и се пресели во Малибу, Калифорнија.

SHARE