Ангел Ангелов, предложен за нов бугарски амбасадор во Скопје

Директорот на бугарското Министерство за надворешни работи–Југоисточна Европа, Ангел Ангелов, е предложен за нов амбасадор во Македонија кој треба да дојде на местото на сегашниот прв човек во амбасадата во Скопје, Иван Петков.

Смената ќе се случи по предлогот на владата во Софија и откако претседателот Румен Радев ќе издаде декрет за назначување на Ангелов и уште на 9 други амбасадори кои ќе ги заменат нивните колеги во Либан, Авганистан, Индија, Данска, Виетнам, Алжир, Хрватска, Украина и во Саудиска Арабија.

SHARE