Гоце Делчев е Бугарин по потекло, но може да го слават како херој и во Македонија, а македонизмот веќе го претрпел својот крах, преку телевизијата БТВ порача шефот на бугарскиот дел од заедничката комисија за историски и за образовни прашања, Ангел Димитров, уште пред нејзиниот прв состанок следниот месец во Софија.

„По сè што се случуваше со децении, многу добро знаеме дека нашите разговори нема да бидат лесни. Не можеме да очекуваме брзи, молскавични и исклучително пријатни резултати за некои луѓе. Со колегите од Република Македонија ќе седнеме за да ги разгледаме сите спорни теми од гледна точка на интерпретацијата на нашето заедничко минато, за да откриеме дека тоа не може да биде негирано, и тоа сега кога Република Македонија се стреми кон Европска унија и кон НАТО. Нештата не се сведуваат на признавање, туку на убедување во една научна дискусија, со професионални аргументи, што треба да биде променето во формирањето на општествената свест во Република Македонија, посебно на младите поколенија“, вели првиот амбасадор на Бугарија во Скопје за очекувањата од комисијата. „Ние знаеме со какви почетни тези ќе тргнат тие, но целта на тие разговори, на тие научни дискусии, кои понекогаш можат да бидат и научни спорови, е да ги убедиме дека придржувањето до фактите и интерпретацијата на тие факти можат да ни покажат какви процеси се развивале. Од таа гледна точка, ние треба да ги убедиме дека има периоди во кои тие, едноставно, не можат да најдат аргументи за да ги негираат тие факти и нашата интерпретација“.

„Гоце Делчев може да биде херој на двете држави. Делчев, кој е Бугарин по потекло, работел за слободата на Бугарите што живееле во некогашната географска територија Македонија, зошто тој загинува на територијата на денешна Грција, која се вика Беломорска Македонија. Тој е херој на сите нас и тоа треба да биде разбрано од нашите колеги во Република Македонија. Тоа е елемент на нашата заедничка историја. Во тоа не треба да има ништо спорно за нашите колеги. Така како што многу Бугари што не се по потекло, не се родени, немаат корени во Република Македонија, учествувале во националноослободителното движење таму. За да влеземе во конкретно формулирање, треба да спроведеме доста разговори со нашите колеги. Се разбира дека ние сакаме да биде јасно кажано дека тој е Бугарин, и тоа не само како Бугарин по наша желба, туку и како Бугарин што има таков идентитет, сам се формирал како Бугарин. Гоце Делчев уште во школските денови го избира за свој идол Васил Левски. Самата организација, која е создадена како бугарски револуционерен комитет, создадена е по урнекот на бугарската револуционерна организација од епохата на преродбата. Ние треба да ги убедиме нашите колеги дека тие не само што не нè разделуваат, туку обратно, тие нè зближуваат и нè претвораат во луѓе што го осознаваат заедничкото, кое може да биде двигател за иднината“, е ставот на бугарскиот историчар за „апостолот на македонската револуционерна борба“, како што се нарекува Гоце Делчев во Македонија, како и за историската ВМРО.

„Ако зборуваме сериозно, треба да кажеме дека македонизмот веќе го претрпе својот крах, со оглед на тоа дека тој е создаден, тој е историски одречен од начинот на кој е создаден и се развивал. Тоа, се разбира, не значи дека тоа е осознаено во Република Македонија. Не можеме да им го наложиме на нашите пријатели од другата страна нивното право да изберат за себе нов идентитет. Не треба да заборавиме дека сме живееле разделени со децении. Но, не можеме да прифатиме, да се согласиме со нивното тврдење дека сето тоа се случило по природен пат. Научно кажано, тие сакаат современата македонска нација да биде формирана објективно историски, а, всушност, таа е резултат на политички одлуки, т.е. нејзиното формирање освен што е силувано, освен што е однадвор, освен што не е резултат на внатрешно движење кон таа државност и нов идентитет, е, во крајна линија, субјективно-политички чин“, е гледиштето на Димитров за македонскиот национален идентитет.

„Тие имаат на што да се потпрат – тоа е развојот на државата по 1944 година. Тоа им дава право како формирана национална заедница на тој субјективно-политички начин да го користат своето денешно име. Но, минатото треба да биде интерпретирано на коректен, професионален начин“, заклучува тој.

 

6 Коментари

  1. Точно е дека Гоце Делчев се определувал како Бугарин, но не може да се каже дека бил Бугарин по потекло. Македонците како и да се нарекувале низ историјата, успеале да го задржат својот идентитет (различност од другите народи) и да формираат своја држава. Во времето на Гоце Делчев голем број на населението во Македонија се чувствувало како Бугари, но со тек на времето преовладало чувството дека тие се посебен народ, дека не се нити Бугари, нити Срби. Затоа не може да се кажува дека Македонците биле Бугари по потекло, а потоа со некаков политички декрет, против нивната воља станале народ различен од бугарскиот народ.

    • Така ли? А австрийците какви са по етнос и какъв език говорят?В Бразилия какъв език говорят? В Белгия какви са валотците, па какви са фламандците и какви езици говорят? А в Швейцария говорят 4 езика! Това че имаш държава не те прави етнически по името на държавата. Потеклото ти е по език, традиции, история! Коминтерна създаде точно с декрет македонската нация, както и “шопска”, “добруджанска” и т.н., но с решение на КПJ се създаде “македонския език”. Така че каквито са се чувствали Георги Делчев и мнозинството в Македония, това е потеклото…

  2. Alooo,Kade Ste Makedonski intelektualci-istoricari vo komisijata Ve ima li???Kade Ste da im kazete schto znaete <schto Ste ucele Vie ???ili treba Nie da se uklucime pa da im kazeme i nim i na Vas,,,,,Stramota za Vaschata apatija ili letargija,zastramete se,schto se slucuva????

  3. Браво бе АТАНАС! Велиш „ Така че каквито са се чувствали Георги Делчев и мнозинството в Македонија, това е потеклото…“!!!!? Дали ако се чувствуваме како Англичани, потеклото ни е од Англија? Дали ако јас се чувствувам како потомок на англиската кралска фамилија и наследник на англиската кралска круна – треба да бидам крал на Анлија?

  4. Насо, поважно е каков е Тодор Живков – таткото на “новата бугарска единна социалистичка НАЦИJА”, создадена на пленум на ЦК на БКП во 1963г. и градена од оделите “историчка шпионажа”, “културна шпионажа”, “религиска шпионажа” на Државна Сигурност (БКП-партиска безбедност) со заполнување празната му содаржина со историiа, култура и духовност, градени со пот, солзи и крв во Македониjа од Македонци! А тоj Тато е наjголемиот б’лгарин на 20-тио век, но со ВЛАШКО ЃУПСКО ЕТНИЧКО ПОТЕКЛО: http : // bit.ly/2GesMpB ! А ти Насо, да не си от тие “новите бугари” со БКП-покрстница http : // bit.ly/2kcpUBZ , а?!

Comments are closed.