Ангела Меркел му пиша на Заев: Не ја спомна опозицијата ни ДУИ

Германската канцеларка Ангела Меркел која на 8 септември ја посети Македонија денеска му испратила писмо на својот македонски колега Зоран Заев во врска Преспанскиот договор.

Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, порачува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев.

„На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја отстранува клучната пречка за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО. Сега е клучно да се преземат многу важни чекори за имплементација на договорот за името со усвојување на неопходните уставни амандмани“, пишува Меркел која најавува дека ќе продолжи да соработува со Заев за остварување на оваа цел.

Писмото до Заев од германската канцеларка е објавено на веб страницата на германската Влада а во него не се споменуваат другите политички фактори во Македонија.

SHARE

Comments are closed.