Анѓушев доби државен тендер за неговата „Брако“

Фирмата „Брако“ од Велес, каде косопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев доби тендер од државата, објави Алсат М.

За речиси 37 илјади евра компанијата треба да испорача мрежа за заштита од одрони на патишта за државната „Македонија пат“. Договорот е склучен на 9 – ти минатиот месец.