Фелипе Балој предизвика еуфорија кај навивачите на Панама кога во 78. минута го постигна првиот гол за дебитантот на фудбалските мундијали, иако со тоа само го ублажи катастрофалниот пораз од 6:1 против Англија, кој значи елиминација за државата од Централна Америка од Светското првенство во Русија само по две кола.

 

 

 

Англичаните, пак, најубедливата победа на планетарните шампионати, со која ги надминаа триумфите од по 3:0 против Полска и Парагвај во Мексико 1986 и над Данска во 2002 година, им обезбеди осминафинале.

Капитенот Хари Кејн постигна хет-трик, со кој изби на врвот на листата на стрелците со пет погодоци. Два пати за „Гордиот Албион“ беше прецизен Џон Стоунс, а еднаш Џеси Лингард.

Убедлива беше и Колумбија против Полска, пакувајќи му ги куферите на ривалот со головите на Јери Мина, на Радамел Фалкао и на Хуан Квадрадо.

Јапонија и Јужна Кореја ремизираа 2:2. Африканците два пати беа во водство, прво преку Садио Мане, а потоа и преку Муса Ваге, а Азијците израмнуваа преку Такаши Инуи и Кеисуке Хонда.

 

SHARE