Анита Ангеловска Бежоска избрана за гувернер на НБРМ

Со 81 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан, парламентот денес ја избра д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер на Народната банка на Македонија.

Таа е првата жена на оваа позиција, а досега беше вицепремиерка на НБРМ.

Ангеловска Бежоска беше предложена од претседателот Ѓорѓе Иванов, откако неговиот прв предлог досегашниот гувернер Димитар Богов да остане уште еден седумгодишен мандат, не наиде на поддршка кај парламентарното мнозинство.

Богов, по ова се повлече и изјави дека „со оглед на моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекувам од кандидатурата за гувернер на Народната банка“.