Анкета: Неа демократија „ја гази“ владејачката СИРИЗА

Според последната анкета на „Metron Analysis“ за весникот “Ta нea”, опозициската Неа демократија е во предност од 14, 1 отсто опред владејачката СИРИЗА.

Распоредот на силите е 36,7 проценти за Неа демокртија, 22,6 од СИРИЗА, додека на трето место меѓу политичките партии во Грција се наметна Движењето за промена сод 9,9 отсто поддршка кај анкетираните.

За неционалистичката „Златна зора“ се оределиле , а за комунистиччката ККЕ 6,8 проценти од граѓанството.

Анкетата покажува дека рејтингот на актуелниот помал коалиционен партнер „Независни Грци“(АНЕЛ) на Панос Каменос, не надминува 2 проценти со што тешко оваа партија ќе го мине изборниот цензус на следните избори.

Се чини дека значајни загуби во рејтингот, владејачката коалиција СИРИЗА-АНЕЛ претрпе  поради договорот за името на ФИРОМ, пиува „Катимерини“ бидејќи 83 отсто од од граѓаните негативно го оценуваат Преспанскиот договор, додека го одобруваат само 14 отсто.

Граѓаните, исто така, се песимисти и околу целокупната работа на владата и справувањето со економската ситуација.

31отсто од анкетираните сметаат дека владата по 4 години „е исцрпена“, додека 24 проценти посакуваат широка влада со друг премиер.

Оставете Коментар